Втора лигаФудбал

ФОТО: Што се случува со Победа? Прилепскиот второлигаш настапи со младинци против Брегалница!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот бренд Победа од Прилеп е пред одново сезона со големи искушенија како да се избори опстанокот во Втората лига. Прилепчани веќе неколку сезони по испаѓањето до Прва лига мака мачат со опстанокот во Втора лига и истиот го обезбедуваат во последните кола, а пред две сезони играат и бараж за опстанок, кој го добија против третолигашот Куманово за опстанок.

Во Победа има разни турбуленции, најавувани нови спонзори, нови инвеститори, но на крај ништо – само ветувања и финансиски проблеми.

Во рамки на 10. коло екипата на Победа загуби со минимални 0:1 од Шкендија Арачиново на домашен терен, но со тој пораз заминаа и неколку играчи, барем истите не настапија на натпреварите во следните пет кола.

Ако се погледнете записникот од последниот меч одигран вчера со Брегалница, ќе се примети дека фалат неколку искусни фудбалери кои се вратија во тимот за да помогнат одново клубот да избори опстанок во Втората лига.

На мечот со Брегалница не настапија голманот Дарко Тофилоски кој се врати да помогни со цел стабилизација на голот, потоа Лука Трајкоски, Давид Јошески, Филип Димоски, Давид Дебрешлиоски… па со тоа Победа доживеа висок пораз од 0:4.

Во стартниот состав од 11 фудбалери дури десет беа младинци под 21 година, а пак вториот состав беше во целост под 21 година односно сите фудбалери на клупа беа младинци.


Само Мартин Талески беше постар од 21 година, тој е роден 2003 година, сите останати беа помлади односно еден фудбалер е 2004, а еден роден 2005, сите останати од 2006 и помали до 2009 година.

ФОТО: Официјалниот записник од мечот Победа – Брегалница 15. коло Втора лига

Ова ќе биде нов сериозен предизвик за Победа, ако не се вратат поискусните играчи за пролетниот дел, бидејќи Победа ќе биде пред многу тешка мисија да обезбеди опстанок.

Дефинитивно ќе мора да се обезбеди соодветен искусен ростер за пролетниот дел. Победа со 11 бодови ќе презими во опасната зона за испаѓање во Втора лига, а пролетниот дел го отвара против Новаци на домашен терен.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!