Втора лигаФудбал

Салихи главен во Неготино, Ристовски во Гевгелија, Стојанов ќе им суди на Кожуф и Арсими

Сподели
Сподели

Утре се играат натпреварите од вонредното 10. коло на Втората фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата, а кои ќе стартуваат во 13 часот.

Пларент Салихи ќе им суди на Вардар Неготино и Новаци, Сашко Ристов ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Каменица Саса и Победа, Благојче Ралевски ќе им суди на Вардарски и Башкими, а пак Доне Ристовски патува во Кочани каде ќе им суди на Осогово и Охрид.

Боби Величков ќе им суди на Скопје и Беласица, Стојаче Стојанов ќе биде задолжен за правдата во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Арсими, Александар Грујоски ќе им суди на Детонит Плачковица и Македонија ЃП, а пак Христијан Божиновски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Брегалница и Борец.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 10. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Вардар Неготино – Новаци, Пларент Салихи (Тетово)
Каменица Саса – Победа, Сашко Ристов (Струмица)
Вардарски – Башкими, Благојче Ралевски (Битола)
Осогово – Охрид, Доне Ристовски (Гевгелија)
Скопје – Беласица, Боби Величков (Велес)
Кожуф – Арсими, Стојанче Стојанов (Штип)
Детонит Плачковица – Македонија ЃП, Александар Грујоски (Кичево)
Брегалница – Борец, Христијан Божиновски (Скопје)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!