ФудбалЧетврта лига

Слога моќна во Злеово: Хет-трик на Зоран Спасов, Спартмани загуби – Интер Кукла повторно лидер!

Сподели
Сподели

На сите натпревари од шестото коло на Општинската фудбалска лига во Струмица беа постигнати погодоци, најмногу имаше во радовишкото село Злеово, каде Слога со 6:4 го доби Напредок од Радово, со што гостинот останува „фенерџија“ без бодови во четвртото по ранг фудбалско натпреварување.

Хет-трик постигна искусниот Зоран Спасов, ова е прв хет-трик за тимот на Слога, двапати погоди Рузгер Алемдар, а пак еден гол постигна Мите Стоименов.

Тимот од Злеово стигна до третиот триумф, а голема заслуга за победата имаше Спасов, Напредок во впиша шестиот пораз од толку натпревари.

„Спартманците загубија глава“ во Добрејци, откако Илинден со минимални 1:0 го совлада досега непоразениот Спартмани и го симна од врвот на табелата.

Огражден дојде до третото славје и се приближува кон горниот дел од табелата, откако на својот терен во Ново Село со 2:0 го доби Дрвош кој го забележа третиот пораз.

Интер Кукла службено го доби мечот со Единство во Пиперово (0:3) со тоа и службени три бодови на своето конто.


Интер Кукла е на врвот со 15 бодови, а Спартмани од Балдовци се спушта сега на второто место со 13 бодови. Огражден е трет со 11 бодови, а по 10 бодови имаат Слога од Злеово која е четврта и Илинден од Добрејци кој е петти на табелата.

Едноцифрен број на бодови имаат две екипи – Дрвош е шести со седум бодови, а пак Единство е претпоследен или седми со три бодови. Дури и по шест кола Напредок од Радово никако да забележи позитивен резултат – единствен тим со шест поради од толку натпревари „закован“ на дното без бодови.

Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од последното седмо есенско коло.

Напредок дома во Радово ќе бара први бодови против Спартмани кој е фаворит, Дрвош ќе бара бодови против Илинден, во Куклиш ќе се игра дерби меѓу Интер Кукла и Огражден а пак Слога ќе го пречека Единство од Пиперово.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК Скопје и ГФК Тиквеш 1930, одигран во рамките на 23. коло...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!