Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мила Наумовска е херој на Вардар – со два гола го „закова“ Кочани на дното!

Сподели
Сподели

Со големата победа на Вардар од 1:2 над Кочани во дербито од дното на табелата заврши есенската полусезона во Првата женска фудбалска лига.

Дебитантот стигна до многу важен триумф, а благодарение на двата гола на Мила Наумовска, која ги обезбеди трите бодови за својот тим.

Наумовска во 32. минута погоди за 0:1 и предност на Вардар, но по осум минути Боби Величков досуди пенал за домашниот тим, а сигурен реализатор од белата точка беше искусната Катерина Милеска.

Со по еден гол во мрежата (1:1) се замина на полувреме, а во вториот дел двете екипи тргнаа резултатски израмнети.

Се играше 68. минута од мечот на Градскиот стадион кога 18-годишната Наумовска со втор гол ја совлада Христина Гоговска за ново водство на Вардар од 1:2, а голманката на домашниот тим немаше избор освен да ја извади топката од својата мрежа.

До крајот на мечот девојките на Теодора Димитровска беа цврсти во одбраната не му дозволија на противникот да изгради шанса за да го загрози по вторпат голот на Халиме Имери.

Во однос на самата табела Кочани останува на дното со четири бодови, а пак Вардар е осми со осум бодови и прави „мало бегство“ од опасната зона со четири бодови предност, во бараж зоната односно на деветтото место е Топ Гол исто така со четири бодови.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК СКОПЈЕ 2014 14 13 0 1 39 5 +34 39
2 ЖФК ЉУБОТЕН 14 12 1 1 61 7 +54 37
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 14 9 0 5 27 17 +10 27
4 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 14 8 2 4 36 17 +19 26
5 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 14 8 2 4 35 18 +17 26
6 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 14 8 0 6 40 14 +26 24
7 ЖФК РЕЧИЦА 14 3 1 10 19 45 -26 10
8 ЖФК Вардар 2023 14 2 2 10 7 59 -52 8
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 14 1 1 12 9 32 -23 4
10 ЖФК КОЧАНИ 14 1 1 12 8 67 -59 4


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!