Трета лигаФудбал

Влазерими славеше над Љуботен, минималец за Напредок, лидерот Камјани до нова победа

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Кичевски Напредок забележа минимална победа од 1:0 над Џепчишти на свој терен, а славеше дури во 91. минута со голот на Пецо Мирчески.

Трите бодови од мечот на 10. коло останаа во Кичево, а Мирчески е херој за домаќинот, кој го расплата противникот во судиското надополнување.

Речица преку пресврт со 2:1 ја доби Ренова на домашен терен, во меч каде трите голови беа постигнати во вториот дел.

Ермал Саити во 68. минута погоди за 0:1, а до крајот домашниот тим со двата гола на Артан Зеќири ги постави конечните 2:1 и со тоа трите бодови останаа дома.

Лидерот Камјани забележа нова победа овој пат од 1:3 над Скендербеу во Порој. Гостинот имаше два гола предност на полувреме, а во вториот дел ја потврди победата.

За домашниот тим во вториот дел стрелаше Аријан Велии, за гостинот двапати погоди Хузри Џемаили и еднаш Рамадан Шерифи.

Влазерими со 3:0 славеше сигурна победа над Љуботен на свој терен, Мурат Адили го отвори резултатот, а во вториот дел Леонтин Бајрами и Албулен Имери ги поставија конечните 3:0.

Дрита на домашен терен со 4:2 стигна до триумф над Доброшти. Со два гола на полувреме тимот на Дрита на полувреме имаше солидна предност.

Брендим Рушити постигна два гола, а по еден гол за домашниот тим имаа Адриан Исмаили и Мерис Ибраими. За гостинот во вториот дел стрелаа Берин Камбери и Енсар Елези во 84. минута.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КАМЈАНИ 9 8 0 1 25 9 +16 24
2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 9 7 1 1 25 13 +12 22
3 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 9 6 0 3 21 12 +9 18
4 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево 9 5 1 3 17 14 +3 16
5 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 8 4 1 3 14 10 +4 13
6 ФК ДРИТА 94 9 4 0 5 17 23 -6 12
7 ФК РЕНОВА АД 9 3 1 5 22 23 -1 10
8 ФК ДОБРОШТИ 10 2 2 6 19 24 -5 8
9 ФК СКЕНДЕРБЕУ 9 2 2 5 9 19 -10 8
10 ФК РЕЧИЦА 8 1 3 4 12 17 -5 6
11 ФК ЉУБОТЕН 9 1 1 7 5 22 -17 4
12 ФК ЗАЈАЗИ 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!