Втора лигаФудбал

“Лавовите” убедливи, Охрид има пет од пет, пораз за Вардар Неготино и Вардарски!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во рамки на деветтата рунда од Втората лига дербито на колото се одигра во Ѓорче каде свое соочување имаа ланскиот прволигаш Македонија ЃП и Кожуф од Гевгелија, во меч каде трите бодови беа силен императив и за двете екипи. „Лавовите“ денес запишаа победс од 3:0. На полувреме имаа 1:0 со голот на Славков, а во вториот дел дојдоа до конечните 3:0 преку Христов и Софијаноски.

Брегалница по ремито во Радовиш денес на Градски во Штип бараше враќање на победничките патеки против разнишаниот Вардар од Неготино, натпреварот заврши со триумф од 2:0 за штипјани, со што тимот од Неготино ја продолжува големата резултатска криза.

Галевски и Фејзулаи беа стрелци за “сините” во првиот дел.

Башкими на домашен терен ја пречека Каменица Саса во меч каде домаќинот беше голем фаворит за трите бодови на патот кон атак на местата за Прва лига. Денес во Куманово исходот од овој меч беше победа за домаќинот од 2:1, а за кој стрелаа Сулимани и Саити, а пак за “рударите” погоди Симевски.

Во Струмица се одигра меч за второ сезонско славје на Беласица и Осогово, две екипи кои не играат според посакуваното и сакаат прогрес на табелата, а денес во Струмица во таа борба за второ сезонско славје подобра беше Беласица со 1:0 со голот на Милушев од пенал.

Борец кој е во длабока резултатска криза денес против Детонит Плачковица бараше излез од резултатската криза, радовишани на денешниот меч беа мотивирани пред се поради историскиот пласман во четвртфиналето и таа одлична победничка серија сакаат да ја продолжат и во Втората лига. Денес во Велес немаше голови (0:0) и немаше победник, Борец и натаму има резултатска криза, но ако е за утеха освои бод.

Вардарски со новиот стратег Ѓоре Јовановски гостуваше кај Охрид, каде на „Билјанини Извори“ домаќинот беше голем фаворит за пет од пет и успеа во таа цел откако славеше со 3:0 со што Вардарски ја продолжува длабоката резултатска криза. Сашо Дуков беше двоен стрелец за Охрид, а во финишот Парталко го постави конечниот резултат.

Регионално дерби одиграа Победа и Новаци во борбата за трите бодови исхдот од средбата беше минималец за Победа од 1:0 која врза втор триумф во низа со голот на Давид Јошески.

Арсими во Купот на Македонија испиша историја со тоа што се пласираше за првпат во четвртфиналето, максимално мотивиран денес против Скопје успеа само да дојде до бод против екс прволигашот во меч без голови (0:0).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!