ФудбалФудбалска репрезентација

Женската А репрезентација на Македонија славеше победа над Молдавија на пријателски меч во Бугарија

Сподели
ФОТО: Evima Football
Сподели

Женската А репрезентација на Македонија запиша минимална победа од 1:0 над Молдавија во рамки тренинг кампот во Банско, Бугарија.

Нашата репрезентација е на тренинг камп во Банско, каде ќе одигра два пријателски натпревар против Молдавија, а веќе првиот македонската репрезентација предводена од селекторот Александар Андов запиша триумф.

Погодокот за македонската репрезентација го постигна Јилза Максути, фудбалерката на струшки Ас Јунајтед во 93. минута од натпреварот.

Натпреварот се одигра на стадионот Разлог, а веќе на 29. октомври нашата најдобра репрезентација ќе одигра уште еден пријателски меч, исто така, против Молдавија, на истиот стадион во 15:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот на новата сезона, истакнувајќи дека битолскиот клуб има големо реноме во...

Кошарка

КК Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезоната

Кошаркарскиот клуб Пелистер ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27, во која битолскиот тим влегува со изменета структура и нова визија за...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!