Трета лигаФудбал

Ќе биде пеколно во Брвеница, мобилизација на „Војводи“: Дерби меѓу Вардар Брвеница и Тетекс Тетово

Сподели
ФОТО: ФК Вардар Брвеница
Сподели

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од осмото коло во Третата македонска фудбалска лига – Запад, а дербито на колото ќе го одиграат Вардар Брвеница и ланскиот второлигаш Тетекс од Тетово.

Повеќе од пеколна атмосфера се очекува во Брвеница, веќе верните „Војводи“ се мобилизираат за овој натпревар кој е од голема важност за Тетекс на патот кон првото место и баражот за можно враќање во Втора лига.

ФОТО: ФК Вардар Брвеница

„Војводи“ во недела ќе го прослават 36-от роденден на навивачката група, затоа имаат дополнителна причина за уште поголема мобилизација, за уште поголема борба од трибините и поддршка на нивниот Тетекс.

ФОТО: ФК Тетекс Тетово

Вардар Брвеница е незгоден тим со играчи кои во минатото настапувале во Првата лига, затоа „штофарите“ бараат силна поддршка, свесни за тешкиот меч сакаат силна поддршка од своите навивачи.

ФОТО: ФК Вардар Брвеница

Тетекс е прв на табелата со 16 бодови колку што има и ланскиот шампион Влазерими кој не го помина баражот за Втора лига, а пак Вардар Брвеница е на делба на четвртото место со 10 бодови на своето конто.

Супер мега дербито меѓу Вардар Брвеница и Тетекс Тетово се игра в недела од 12 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија остана на врвот, но шампионот Вардар е на минус три, станува неизвесно во средишниот дел на табелата

Шкендија успеа да го сочува врвот од табелата по девет кола во Првата лига, откако Струга не успеа да слави над Башкими, но...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Грозд го декласира Банско со 6:1, Готен покажа моќ, Петар Томов со хет-трик за Единство, висока победа за Слога од Злеово

Готен со убедлива победа од 4:1 над Сачево ја отвори сезоната во Општинската фудбалска лига во Струмица. Првото полувреме од мечот кој се...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!