Трета лигаФудбал

Велевски верува во нова победа и посакува чиста мрежа – Могила пред својата публика против Демир Хисар!

Сподели
Сподели

Могила во рамки на 9. коло од Трета лига – Југозапад ќе ја пречека екипата на Демир Хисар, во недела со почеток од 14:00 часот на стадионот „Димко Сарванов“. Натпреварот ветува интересна борба, со оглед дека двата тима се соседи на табелата – Могила е шеста со 12 бодови, додека Демир Хисар е петти со 13 бодови.

Еден од најзаслужните за освоениот бод во дербито против Кравари беше младиот голман на Могила, 19-годишниот Дарио Велевски, кој блескаше со серија одбрани и ја сочува својата мрежа недопрена.

„Од натпревар во натпревар сè повеќе се консолидираме. Одигравме веќе седум натпревари, од кои дури пет на гостински терен, и имаме само еден пораз што многу радува. На последниот натпревар покажавме карактер и зрелост, докажувајќи дека, иако сме млада екипа, знаеме како да се носиме со предизвиците и да освојуваме бодови. За неделниот натпревар посакувам повторно чиста мрежа, но најважно е да ги освоиме трите бодови на домашен терен, каде одамна не сме настапиле, очекувам сигурна победа и уште еден чекор поблиску кон нашиот сон, пласман во повисок ранг,“ – изјави младиот голман Дарио Велевски.

Публиката во Могила со нетрпение го очекува натпреварот, а атмосферата на трибините сигурно ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите во потрагата по нова победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!