Останато

Одбојкарите на Струмица 47&72 и Штип УГД со порази на европска сцена

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонските одбојкарски претставници Струмица 47&72 и Штип УГД ги започнаа настапите во европските клупски натпреварувања со порази, но и со борбени изданија кои најавуваат дека ќе бидат сериозни ривали во реваншите на домашен терен.

По елиминацијата од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, струмичани ги продолжија настапите во ЦЕВ купот, каде во првиот меч од првата рунда загубија со 3:0 (25:18, 25:12, 26:24) на гостувањето кај Јихострој Чешке Будејовице во Чешка.
Иако резултатот не го покажува тоа, македонскиот шампион прикажа солидна игра, особено во третиот сет кога недостасуваше малку за да се освои период. Филип Маџунков беше најистакнат со 10 поени, Јован Милев запиша 9, а Владо Милев и Кристијан Илијев по 6.
Реваншот ќе се одигра на 19 ноември од 19:00 часот во салата Парк во Струмица.

Во ЦЕВ Челинџ купот, Штип УГД го одигра своето европско деби со голема борба и натпревар кој траеше речиси два часа (117 минути), но на крај загуби со 3:1 (35:33, 22:25, 25:18, 25:23) на гостувањето во Осло кај Кол Ил.
Во маратонскиот прв сет штипјани не искористија шест сет топки, а во продолжението се играше рамноправно, но домаќините беа посконцентрирани во завршниците.
Најрасположени кај Штип УГД беа Махди Задмард со 20 поени, Леандро Оливеира со 18, Стојан Илиев со 14 и Стефан Алексов со 11.
Реваншот ќе се одигра на 19 ноември од 19:00 часот во спортскиот центар 25 Мај во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!