Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со голема победа над Данска на стартот од квалификациите за Евробаскет 2027!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија со минимална, но голема победа ја започна новата квалификациска кампања за Евробаскет 2027, совладувајќи ја Данска во СРЦ „Кале“.

Првото полувреме мина во изедначена игра. Македонија поведе со (18:13), но Данска возврати со серија од 8:0 и ја доби првата четвртина (21:18). Гостинките стигнаа и до девет поени предност (29:20), но потоа се разиграа Хемпе и Селцова, кои заедно постигнаа дури 28 поени во првото полувреме, па Македонија поведе со (39:37).

Во продолжението се водеше голема борба, со постојани промени на резултатот. Македонија имаше највисока предност од шест поени (76:70) три минути пред крајот, но Данска се доближи на (76:77).

Во драматичната завршница, при резултат (79:78), Данска имаше последен напад, но македонската одбрана издржа и ја задржа предноста до крајот.

Нашите кошаркарки ја запишаа првата победа во квалификациите и со одличен старт го отворија патот кон Евробаскетот 2027.

За три во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата женска сениорска репрезентација ќе го одигра и вториот меч од „Ф“ квалификациската група.

Противник ќе ни биде репрезентацијата на Грција, во натпревар кој ќе стартува од 18:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите, пријавување, мерење и лекарски прегледи. Македонските кикбоксери ќе ги дознаат противниците...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!