РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Фудбалската репрезентацијата на Македонија У19 беше минимално поразена од Белгија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 19 години загуби минимално (1:0) од Белгија во првиот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза на Европското првенство, одигран во Порто.

Избраниците на селекторот Ерхан Селими одиграа борбен и дисциплиниран натпревар против силниот противник, но недостигаше малку среќа за подобар резултат. Белгија до три бода стигна во 72. минута преку Мисуаи.

Македонија беше блиску до израмнување во самиот финиш — Латифи убаво продре и му асистираше на Дамјаниски, кој не успеа да реализира, а потоа по корнер Мурѓески ја погоди стативата.

Натпреварот се одигра под постојан дожд, а нашите младинци покажаа голема борбеност и карактер. Македонија следниот меч ќе го одигра против Португалија на 15 ноември, а потоа со Естонија на 18 ноември.

Македонија до 19 година: 1. Давид Илиоски, 2. Златко Радески (84ʼ Али), 4. Емир Шаботиќ, 5 Лука Атанасовски, 6. Давид Стојановски, 7. Адмир Љатифи, 10. Марко Киш (72ʼ Мехмет), 11. Стефан Бранковски (72’ Дамјановски), 14. Абдулах Алсани, 16. Игор Ристов (52ʼ Мурчески), 17. Каменчо Андоновски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!