РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов: Ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели

Сподели
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија утре од 18:00 часот на Националната Арена “Тодор Проески” ја пречекува Летонија во пријателски натпревар. Тоа ќе биде и последниот тест пред квалификацискиот меч со Велс во Кардиф.

Репрезентативецот Дарко Чурлинов вели дека атмосферата во националниот тим е одлична и очекува квалитетно издание против Летонците.

“Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели. Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој секако има друга тежина”, изјави Чурлинов.

За утрешниот натпревар против Летонија, надвор од комбинација за настап поради повреди се Јани Атанасов и Висар Муслиу.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!