Прва лигаФудбал

Рамадани: Веруваме во нашите квалитети, сакаме позитивен резултат против Стругa

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По победата во дуелот против Башкими, фудбалерите на Арсими во меч од 13. коло во ПМФЛ ги очекува гостување во Струга.

Екипата од Чегране во овој натпревар влегува мотивирана по триумфот во претходната рунда, а атмосферата во таборот е позитивна и исполнета со самодоверба.

Еден од најистакнатите играчи на последниот меч, Албин Рамадани, е задоволен од настапот на тимот и од колективниот дух кој го покажаа на теренот.

“Одигравме многу добар натпревар. Почнавме со висок интензитет и ја контролиравме играта до крај. Сакам да им честитам на сите момци за посветеноста и тимскиот дух кој го покажавме”, изјави Рамадани.

А што се однесува на соочувањето против Струга Трим Лум, тој истакна:

“На утрешниот натпревар за противник го имаме фаворитот Стругa и тоа ќе биде сериозен тест за нас, но сме мотивирани и максимално подготвени. Имаме почит кон противникот, но веруваме во нашите квалитети и ќе излеземе на терен со цел да стигнеме до позитивен резултат против Струга”.

Арсими ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија и да докаже дека добрата форма во последните недели не е случајна. Почетокот на натпреварот е закажан за 13 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!