Трета лигаФудбал

Фортуна преку Мифтар го доби дербито со БВК Коњаре, реми на Куманово и Еуромилк ГЛ, бод за Беса Влазрими

Сподели
ФОТО: KF Besa Sllupçan
Сподели

Во рамки на денешното седмо вонредно коло во Трета лига – Север екипата на Фортуна со 3:5 го доби дербито со БВК Коњаре на госитнски терен, во меч каде најдобриот стрелец Орхан Мифтар постигна хет-трик и со тоа се зацврстува на листата на најдобри стрелци. Еден гол беше дело на Харис Азизи, а пак Фати Јусуфи си постигна автогол.

За БВК Коњаре беше двоен стрелец беше Алајдин Ахили, а еден гол постигна Фати Јусифи.

Академија Илинден и Башкими Љуботен ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Мурати погоди за домаќинот за 1:0, а пак Авдулаи во 30. минута постигна гол за конечни 1:1.

Њу Старс го загуби дербито со Ржаничино откако гостинскиот тим во вториот дел од мечот преку пресврт стигна до трите бодови.

Ѓорѓијев постигна гол во 7. минута за 1:0, а во вториот дел Колевски и Лазев со два брзи гола обезбедија 1:2, а во 83. минута Спасевски ги постави конечните 1:3.

Аеродром во 92. минута преку Киприновски дојде до бод во дуелот со Беса Влазерими од конечни 2:2. Фетаи погоди за 0:1 за гостинот, а пак Каланоски во вториот дел израмни на 1:1. Бајрами уште еднаш го донесе гостинот до водство, но Киприновски ги постави конечните 2:2.

Поранешниот второлигаш Кадино со голот на Петар Попоски дојде до триумф од минимални 0:1 над новиот третолигаш Пчиња.

Некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ остана без трите бодови во 92. минута откако одигра 4:4 против ланскиот шампион Куманово.

Златковски постигна гол за водство на Куманово, а до крајот на првиот дел Бакијов и Анчевски погодија за 1:2 на полувреме односно пресврт на Еуромилк ГЛ.

Во вториот дел Стевчевски и Златковски со втор гол одново го донесоа Куманово во водство од 3:2. Во 72. минута Исмаиловски и Митров во 83. минута направија нов пресврт и ново водство на Еуромилк ГЛ од 3:4, а во финишот односно во 92. минута Ергин Шерифи ги шокираше гостите за конечни 4:4 и поделба на бодовите.

Колото ќе се комплетира следната среда со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Риниа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев, кој по седум кола...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!