Трета лигаФудбал

Јанчева главна во Турново, Апостолов ќе им суди на Тиверија и Победа Валандово, Ѓоргиев патува во Дојран

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во недела ќе се играат натпреварите од 9. коло на Трета лига – Исток. Веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Дојранско Езеро на домашен терен ќе бара позитивен резултат против фаворитот Овче Поле, а главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев и Цане Давитков.

На „Кукуш“ екс прволигашот Хоризонт Турново како голем фаворит ќе се соочи со аутсајдерот Светлост од Зрновци. Виолета Јанчева ќе ја дели правдата на овој натпревар, а помошници ќе бидат Стефан Митров и Петар Манчев.

На Градскиот стадион во Берово ќе се соочат Малеш и Ударник, а правда ќе делат Борче Коцев како главен судија и неговите помошници Славе Станисавовски и Кирил Манчев.

Во Струмица каде ќе играат Тиверија и непоразениот лидер Победа Валандово главен судија ќе биде Тодор Апостолов, а негови помошници ќе бидат Дејан Стоиков и Богданчо Ѓеоргиев.

Иван Јанев го доби мечот меѓу Карбинци и Брегалница од Делчев, а негови асистенти ќе бидат Николче Симонов и Игорче Богатинов.

Сите натпреварите од деветтото коло на Трета лига – Исток стартуваат во 13 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!