Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 славеше над „фенерџијата“ Радовиш

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Младите битолчани продолжуваат со силните игри во Супер лигата и убедливо го совладаа Радовиш на домашен терен, 31-26.

Домаќините уште по првото полувреме стекнаа значајна предност (19-14), а вториот дел го одиграа рутински, контролирајќи го резултатот до крај. Најефикасни беа Мохамед Азиз со 10 погодоци и Христијан Митревски со 7. Голманот Мартин Јовановски го имаше својот ден со 13 успешни интервенции.

Кај гостите од Радовиш најмногу се истакна Здравко Постолов со 8 гола, додека Каковски и Димов постигнаа по 5. Радовиш по десет кола останува без бодови и ќе мора да се врати со нови сили во следното коло.

Следната рунда носи нови предизвици: Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Струга, додека Радовиш ќе го пречека Прилеп. Со ова, младите битолчани ја забележаа својата четврта победа сезонава и продолжуваат борбата за плеј-оф.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!