Втора лигаФудбал

Влатко Илиоски го доби дербито во Штип, Игор Стојчевски дербито во Охрид!

Сподели
Сподели

Делегирани судиите за утрешното 12. коло на Втората фудбалска лига. Сите седум натпревари ќе стартуваат во 13 часот.

Во Тетово ќе се соочат некогашните прволигаш Тетекс и Победа, каде за правдата ќе биде задолжен Игор Иванов, а негови помошници ќе бидат Александар Ајдаров и Андреј Ќамилов, додека пак четврт судија ќе биде Дарко Стојчевски.

Делегат на средбата ќе биде Гоце Ефтимов, а пак Марјан Ецкоски ќе биде контролор.

Кожуф на домашен терен ќе се соочи со тимот на Осогово, а на Градскиот стадион во Гевгелија главен судија ќе биде Кирил Смоковски, додека пак негови асистенти ќе бидат Димитар Здравески и Иле Мишевски. Четврт судија ќе биде Ангелчо Ристов.

Делегат на средбата ќе биде Нафил Смаиловиќ, а контролор Игор Ширилов.

Спире Арсов ќе дели правда на популарната „Цвај арена“ каде ќе се соочат Вардар Неготино и лидерот Шкендија Арачиново. Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов ќе бидат помошници, а Ангел Гелов ќе биде четврт судија.

Александар Митев ќе биде делегат, а Душко Милошески ќе биде контролор, додека пак Атанас Ризов ќе биде комесар за безбедност на ФФМ.

Влатко Илиоски ќе го суди дербито на Истокот меѓу Брегалница и Беласица кое се игра во Штип, а ќе му помагаат Борис Трајков и Дино Конески, а пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија.

Благоја Гешоски е делегат, а контролор ќе биде Драган Ристовски.


Новаци ќе биде домаќин на Слога Виница, а главен судија пак ќе биде Дарко Стојанов. Негови помошници ќе бидат Николе Николовски и Александар Гигов. Дени Лековски ќе биде четврт судија, а делегат на средбата ќе биде Благојче Тодоровски, додека пак Никола Божиновски ќе биде контролор.

Марјан Младеновски ќе им суди на Каменица Саса и Детонит Плачковица, а негови помошници ќе бидат Горан Мишоевски и Петар Арсовски. Четврт судија е Дејан Младеновски.

Делегат ќе биде Слаѓан Божиновски, а пак Винко Смокварски ќе биде контролор.

Пларен Салихи ќе биде главен судија во Ресен каде ќе играат Преспа и Големо Коњари. Помошници ќе бидат Хабиљ Љиворека и Метин Османи, а пак четврт судија ќе биде Бардхиљ Ибраими.

Делегат на средбата во Ресен ќе биде Харун Исмаили, а пак контролор ќе биде Зоран Стефанов.

Дербито на „Билјанини Извори“ меѓу Охрид и Преспа ќе го суди Игор Стојчевски, а негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. Четврт судија ќе биде Марјан Дејаноски, додека пак контролор ќе биде Љубе Ристевски, а делегат Дарко Китановски.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!