Останато

Храбар настап, но крај на европската авантура за одбојкарките на Наковски Волеј

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Дебитантскиот настап во Европа за ОК Наковски Волеј завршува по само два натпревари во ЦЕВ Челинџ купот, откако струмичкиот состав вечерва беше поразен со 0:3 (15:25, 21:25, 15:25) од чешката Острава во салата „Парк“.

Иако против себе имаа поискусен и физички помоќен противник, избраничките на Александар Митев одиграа борбено и мотивирано пред домашната публика. Најавија дека ќе пружат посилен отпор – и тоа го исполнија, но младоста и неискуството си го направија своето.

Во напаѓачкиот дел најрасположени беа Лиља Ковачевиќ, Сара Марковиќ, Ивана Милева и Ива Стојкоска, кои реализираа по седум поени, додека Мила Долдурова придонесе со четири.

Иако елиминацијата значи крај на европскиот сон за оваа сезона, искуството од двата натпревари ќе биде огромен капитал за младата екипа на Наковски Волеј во понатамошниот развој и настапите на домашната сцена.

Покрај струмичанки, и Работнички Скопје претходно го заврши настапот во истото натпреварување – ЦЕВ Челинџ купот, третото по квалитет европско клупско натпреварување во одбојката.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!