Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија со Бугарија го отвора ЕвроВолеј 2026 во Софија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Европската одбојкарска конфедерација го објави комплетниот распоред за Европското првенство 2026, а македонската машка репрезентација ќе има чест да го отвори турнирот со дуел против домаќинот Бугарија. Натпреварот ќе се игра на 9 септември во Софија, со почеток во 19:00 часот.

Ова ќе биде четврто последователно учество на Македонија на континенталниот собир – потврда за континуитетот и растот на националниот одбојкарски тим.

  • Распоред на Македонија во групата А

По воведниот натпревар, нашите одбојкари ќе имаат слободен ден, а потоа на 11 септември (16:00 ч.) ќе играат со Украина.
Следува нов ден за одмор, а во третото коло, на 13 септември, Македонија ќе се соочи со Полска, една од фаворитите за медал, во вечерен термин (19:00 ч.).
На 15 септември ривал ќе биде Португалија (16:00 ч.), а ден подоцна, на 16 септември, Македонија ќе ги затвори настапите во групата со дуел против Израел, повторно во истиот термин.

  • Патот кон нокаут фазата

Од секоја група во осминафиналето ќе се пласираат четирите најдобро пласирани селекции, што значи дека секој сет и секој поен ќе биде клучен во борбата за следната рунда.

ЕвроВолеј 2026 ќе се игра од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Финска и Романија, со очекување овој шампионат да биде еден од најсилните во историјата на европската одбојка.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!