Останато

Јанта Волеј му одзема сет на Волеро во ЛШ, Работнички Скопје загуби од РАЕ во Челинџ купот

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот женски првак Јанта Волеј КВ со 1:3 (15:25, 10:25, 25:20, 9:25) загуби од Волеро Ле Кане во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите во СЦ “Јане Сандански” во Скопје.

Тимот на Никола Јаневиќ се соочи со далеку посилен ривал, со многу интернационалки во своите редови, но и покрај негативата од 0:2, најде начин како да го изненади фаворитот и да му одземе сет.

Коректорот Мери Бошковска беше најрасположена со 17 поени, додека Бојана Маројевиќ освои шест, а средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по пет поени. Реваншот се игра следната недела (13 ноември) во Франција.

Нашиот претставник во ЦЕВ Челинџ купот, Работнички Скопје со 0:3 (15:25, 24:26, 18:25) загуби во првиот натпревар со РАЕ Спортдикол кој се играше во Јури, Естонија. Имаа шанси нашите одбојкарки да го освојат вториот сет, но не ги реализира.

Најефикасна беше Тамара Стојанова со 16 поени, додека Кариа Трифуновска и Марија Василевска имаа по пет поени, а Андротеа Милевска освои четири.

Работнички Скопје двомечот го игра на гостински терен, а реваншот на програмата е денеска од 18 часот по македонско време.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!