Трета лигаФудбал

Стојчевски: Да биде дерби за пример – спортска почит, фер-игра во Кравари

Сподели
Сподели

Во пресрет на дербито од 8. коло во Третата лига – Југозапад, кое во недела ќе се одигра во Кравари, тренерот на ФК Могила, Злате Стојчевски, го најави натпреварот против лидерот на табелата – екипата на Кравари.

Натпреварот носи посебна тежина и е еден од најинтересните дуели во ова коло, со оглед на тоа што двата тима се во одлична форма и имаат високи амбиции.

„Изминатото коло за нас беше слободно. Верувам дека паузата ќе ни донесе позитивна енергија и свежина токму за дербито во недела. Немам што многу да зборувам за овој натпревар искрено се надевам дека ќе биде дерби за пример, како во регионот, така и во цела Македонија. Посебна тежина на овој натпревар дава фактот што тренерот на Кравари, Кире Груевски, е човек кој речиси десет години беше дел од Могила, исто така во двете екипи има играчи кои своевремено го носеле дресот на двата клуба, што дополнително ја зголемува спортската поврзаност и почит меѓу фудбалерите. Очекуваме фер и коректен пречек, како и натпревар во кој ние постарите ќе покажеме со дело каков однос треба да имаат младите,“ изјави тренерот Стојчевски.

Дербито меѓу Кравари и Могила ветува жестока, но фер борба за трите бодови. Домаќинот Кравари е лидер со 16 бодови, веднаш зад него е Влазними со 15, но со натпревар помалку. Могила се наоѓа на шестото место со 11 бодови, исто така со меч помалку во однос на Кравари.

Двата тима важат за ефикасни – Кравари има постигнато 15 погодоци и примено само 3, додека Могила е уште понападна со 18 постигнати и 9 примени голови.

Очекувањата се дека неделниот натпревар ќе донесе вистинска фудбалска атмосфера во Кравари, со голема публика и дерби кое ќе биде пример за спортска култура и фер-игра, како што посака тренерот Стојчевски.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!