Останато

Марко Џорлев со два златни медали на „Дојран Опен“ – младиот каратист блесна и меѓу јуниорите

Сподели
Сподели

Младиот каратист Марко Џорлев, член на карате клубот Штип, оствари нов голем успех на меѓународната сцена, освојувајќи два златни медали на престижниот турнир „Дојран Опен 2025“, кој се одржа во Спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран.

Џорлев дојде до првото злато во својата категорија кадети до 63 килограми, каде што славеше во три борби, совладувајќи двајца македонски каратисти и еден натпреварувач од Бугарија.

Организаторите му овозможија настап и во повозрасната категорија јуниори до 61 килограм, каде младиот штипјанец уште еднаш докажа дека е во врвна форма. Во финалето против борач од Бугарија, Џорлев извојува убедлива победа со резултат 3:0, со што стигна до втората златна медала на турнирот.

На „Дојран Опен“ учество зедоа каратисти од Македонија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, а младиот каратист Марко Џорлев е задоволен од своите настапи.

„Среќен сум што успеав да ги освојам двете злата, особено бидејќи конкуренцијата беше силна. Следниот предизвик е Државното првенство на 15 ноември, кое е изборно за Европското првенство во Лимасол, Кипар, што ќе се одржи во февруари 2026 година“, изјави Џорлев по турнирот.

Со ваквите настапи, младиот шампион од Штип уште еднаш покажа дека е еден од најперспективните каратисти во својата генерација, и дека Македонија може да очекува нови успеси на меѓународната сцена.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!