Ракомет

Пилиповиќ го предводеше Охрид до триумф против Бутел!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид, предводени од новото засилување на голот, Кристијан Пилиповиќ, забележаа победа на гостувањето кај Бутел Скопје со 25-19. Иако Пилиповиќ имаше 12 одбрани од 25 шута, охриѓани мораа да се потрудат, особено во првиот дел, кога домаќините пружија силен отпор.

Охриѓани поведоа со 6-1 по десетина минути игра, по што тренерот на Бутел, Горан Кузманоски, побара тајм-аут за да го стабилизира својот тим. Тоа вроди со плод бидејќи домаќините брзо се вратија во игра со серија од четири гола, а реми од 7-7 обезбеди Каевски. На полувреме резултатот беше 13-11 за Охрид, со атрактивен погодок на Михајловиќ во последната секунда.

Во вториот дел Охрид комплетно доминираше. Узунчев, кој во првиот дел беше одличен, сега веќе беше затворен, Пилиповиќ продолжи со одлични одбрани, а Бутел не успеа да се врати во игра. До 48. минута гостите се одлепија на +9, 22-13, и натпреварот беше решен. Во завршницата на мечот, Бојан Блажески застана на голот на Охрид.

Најдобри стрелци кај Охрид беа Иванковиќ и Петриќ со по четири гола, додека кај Бутел Трајкоски имаше 11 одбрани, а Узунчев даде девет гола.

Во следното коло, Бутел Скопје ќе гостува кај Тиквеш, а Охрид ќе игра дома со Пролет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!