Трета лигаФудбал

Дојранско Езеро не допатува во Валандово, службени три бода за Победа!

Сподели
Сподели

Денешниот одложен натпревар од 6. коло меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро, кој требаше да се одигра на Градскиот стадион во Валандово, не се одигра, а причината е тоа што гостинот од Дојран не се појави на теренот.

Овој меч беше одложен на барање на екипата на Дојранско Езеро, поради вирус кај играчите, но тимот од Дојран денес не дојде во Валандово за да го одигра овој заостанат натпревар, па со тоа ќе значи дека домаќинот од Валандово ќе има службена победа и службени три бода.

„Екипата на Дојранско Езеро најпрво го одложи натпреварот со нас, а денес, по втор пат, не се појави на терен. Причината за нивното непојавување не ни е позната, ниту пак е од наша важност. Според правилникот, натпреварот службено ѝ припадна на Победа Валандово со резултат 3-0. Со оваа службена победа, Победа Валандово се искачува на лидерската позиција во Трета лига – Југ со 2 бода предност и натпревар помалку“, велат од ФК Победа Валандово.

И во официјалниот записник од натпревар е констатирано дека екипата на Дојран не допатува во Валандово и по чекање од 30 минути.

„По чекање од 30 минути, гостинската екипа не се појави на теренот за игра. Домашната екипа, судиите, делегатот, контролорот и другите официјални лица што се наведени во записникот беа присутни на теренот“, се вели во официјалниот записник од натпреварот.

Победа Валандово сега е на врвот од табелата со 18 бодови, два повеќе од второпласираниот Ударник, но и меч помалку, кој тимот на Победа ќе го одигра во сабота против Хоризонт Турново, а овој меч е седмото коло.

Дополнително, како што веќе објави Спортска Мрежа, во сабота ќе се одигра и одложениот меч од 8. коло меѓу Брегалница Делчево и Тиверија.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

Варадиновски: Ми беше претставен амбициозен и сериозен проект, се надевам дека ќе имаме успешна сезона

Новаци во новата сезона од Втората лига ќе биде предводен од младиот...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!