Останато

Динамо повторно пресилeн за ОК Струмица, македонскиот првак продолжува во ЦЕВ купот

Сподели
ФОТО: ОК Струмица
Сподели

Македонскиот одбојкарски првак ОК Струмица ги заврши настапите во Лигата на шампионите, откако и во реваншот во Букурешт беше поразен од најтрофејниот романски клуб Динамо со убедливи 3:0 (25-17, 25-17, 25-13).

По поразот со идентичен резултат во првиот меч во Скопје, стана јасно дека романскиот шампион е на повисоко ниво, а тоа го потврди и на домашен терен, без да му дозволи на македонскиот првак да освои ниту еден сет. Струмичани имаа добри моменти во првите два сета, но искуството и квалитетот на домаќините пресудија.

Најрасположен во редовите на Струмица беше Кристијан Илиев со 12 поени, додека Филип Маџунков додаде 7 поени. Кај Динамо, најдобри поентери беа Петар Премовиќ со 10 и Џонатас Кардозо со 9 поени.

Иако настапот во Лигата на шампионите заврши, за Струмица европската авантура продолжува. Тимот ќе се натпреварува во ЦЕВ купот, каде што во првото коло ќе го очекува дуел со чешкиот претставник Јухострој Чешке Будејовице. Првиот натпревар ќе се одигра на 12 ноември во Македонија, а реваншот на 19 ноември во Чешка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија....

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!