Кошарка

ТФТ со нова победа во АБА 2 – пресврт против Војводина во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на ТФТ продолжуваат со одличните настапи во новата сезона од регионалната АБА 2 лига. Тимот од Тафталиџе ја забележа и втората победа по ред, совладувајќи ја новосадска Војводина со резултат 75:69, по голем пресврт во последната четвртина на мечот одигран во СРЦ „Кале“.

Мечот беше крајно изедначен во најголемиот дел од текот. Првата и третата четвртина завршија со идентичен резултат 19:19, додека Војводина во втората беше минимално подобра (20:18). На почетокот од последниот период гостите имаа свој моментум и поведоа со 65:56, највисока разлика на натпреварот.

Сепак, токму тогаш ТФТ одигра најдобро. Со серија 11-0, предводени од Ташовски, Зафиров и Гордон, скопскиот тим за само неколку минути успеа целосно да ја анулира негативата и да поведе со 67:65, на нешто повеќе од три минути до крајот.

Во завршницата ТФТ покажа карактер. На почетокот на последната минута имаше водство од 69:66, а на 20 секунди пред крајот Гордон погоди две слободни фрлања за 71:67, со што го потврди пресвртот и стигна до својот 21. поен на натпреварот. Во последните моменти, Говенс и Ташовски беа сигурни од линијата за слободни фрлања и ја запечатија победата на својот тим.

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Гордон со 21 поен и 9 скока, а одличен настап имаше и Ташовски, кој реализираше 18 поени, 7 скока и 5 асистенции. Говенс додаде 14 поени со 4 асистенции, а Зафиров придонесе со 10 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Со овој триумф, ТФТ ја потврди својата добра форма и најави високи амбиции во новата сезона од АБА 2 лигата. Следниот натпревар „црно-белите“ ќе го одиграат на 4 ноември, повторно во „Кале“, кога за противник ќе го имаат словенечкиот Хелиос.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Швајцарија е вториот ривал на Македонија У19, турнирот почнува в среда во Турново

Македонија до 19 години в среда, на 11 ноември, од 13 часот ќе ја пречека Северна Ирска на стадионот „Кукуш“ во Турново. Тоа...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија мора да победи во Глазгов за да остане во трката за опстанок без бараж

Македонија в петок, на 13 ноември, ѝ гостува на Шкотска со јасна задача. Само победа во Глазгов ја остава во трката за третото...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!