ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион Форца пред нов голем европски предизвик во Лигата на шампиони

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

Македонскиот футсал шампион Форца го очекува нов голем европски предизвик. Тимот од Куманово од денес веќе е во словенечката престолнина Љубљана, каде ќе ги одигра натпреварите од главната рунда во рамки на УЕФА футсал Лигата на шампиони.

Форца се најде меѓу најдобрите 32 екипи во Европа, откако во претходната квалификациска фаза импресивно го освои првото место во својата група со три победи – против тимовите од Сан Марино, Ерменија и Андора. Со тоа, кумановскиот состав избори пласман во елитното друштво и го продолжи историскиот европски пат за македонскиот футсал.

Во Љубљана, Форца ќе биде дел од групата 8, во која противници ќе ѝ бидат два силни украински тима – ХУТ Киев и Аурора Тим, како и домашниот претставник Футсал Силико. Сите натпревари ќе се играат во словенечката престолнина, а пласман во следната фаза ќе избори само најдобро пласираниот тим во групата.

Во редовите на Форца владее голем оптимизам и верба дека екипата ќе го даде својот максимум за достојно претставување на македонскиот футсал. Стручниот штаб и играчите најавуваат борбени настапи против европските гиганти и веруваат дека со дисциплина, срце и енергија може да се постигне уште еден историски резултат.

Првиот меч Форца го игра веќе утре против екипата на Хут од Киев со почеток од 17 часот. Во четврток следува соочување со Силико, меч кој е закажан за во 20 часот, а пак третиот меч ќе биде против Аурора Тим за во петок од 16 часот.

Со настапот во Љубљана, Форца продолжува да го гради својот европски идентитет и да ја пишува најуспешната страница во историјата на македонскиот футсал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!