Трета лигаФудбал

Вториот круг од локалните избори го одложи 9. коло на Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вториот круг од локалните избори го одложија деветтото коло во Трета лига – Исток, па така наместо во недела на 2 ноември, натпреварите се презакажани за седум дена подоцна, односно на 9 ноември (недела).

Меѓутоа, како што веќе објави Спортска Мрежа, раководството на Трета лига – Исток одлучи трите одложени натпревари во меѓувремено да бидат одиграни.

Веќе денес во Валандово ќе се одигра натпреварот меѓу Победа и Дојранско Езеро, тоа е одложениот меч од 6. коло.

На 1 ноември (сабота) ќе се одигра натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово, тоа ќе биде дерби од 7. коло, додека пак исто така во сабота ќе се одигра и мечот меѓу Брегалница Делчево и Тиверија од осмото коло.

 

Сподели
Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!