ФудбалФутсал

СЕЕ Университи го декласираше Конзули од Битола, Мемеди со четири погодоци, хет-трик за Рамадани!

Сподели
ФОТО: Futsal Team " Seeu University "
Сподели

Синоќа во Тетово беше отворено 2. коло од Втората футсал лига, а во рамки на воведниот меч СЕЕ Университи со 8:2 го декласираше битолски Конзули.

Домашниот тим беше фаворит за трите бодови, а поголемиот фонд на играчи, ротацијата и свежината беше уште една причина плус, бидејќи гостинот во Тетово допатува со девет играчи, во однос на домаќинот кој имаше 13 играчи.

Хисен Мемеди беше стрелец на четири голови за домаќинот, хет-трик запиша Самир Рамадани, а еден гол беше дело на Амин Шаќири. За гостинскиот тим стрелци на стартот од мечот беа Спировски и Јовановски.

Денес Кратово ќе биде домаќин на Кораби, Балкан против ПОбеда, а пак Каршиака против Енхалон. В недела Карадаку ќе игра против штипски Мал Ајаск, а пак Овче Поле против ССК Скопје.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача да го подготви тимот за завршниот турнир на Азискиот куп, кој...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи ја својата одлична форма во узбекистанското првенство. Офанзивецот игра сезона за...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!