КупФудбал

КУП: Шкендија Арачиново направи изненадување, Струга пресилна, следна фаза за Работнички и Силекс

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Второлигашот Шкендија Арачиново направи големо изненадување откако во осминафиналето го исфрли прволигашот Пелистер од Купот на Македонија славејќи со минимални 1:0.

Стрелец на единствениот победнички гол беше Арсим Љамалари кој во 51. минута беше прецизен за да го однесе неговиот тим во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Екипата на Струга Трим Лум беше пресилна на гостувањето кај Македонија ЃП и славеше со високи 0:5. Во првиот дел стружани постигнаа погодок преку Ѓорѓе Ивковиќ во 29. минута, а во вториот дел беа постигнати четири погодоци.

Стрелци на истите беа Арби Воша во 51. минута, потоа стрелаше Басироу Кампаоре, во 86. минута погоди Христијан Малески, а конечниот резултат го постави Стефан Јевтоски.

Силекс со 1:2 славеше на гостувањето кај Башкими во Куманово и со тоа тимот од Кратово е во четвртфиналето. Дарко Додев по само четири минути игра погоди за водство на Силекс од 0:1, а пред крајот на првиот дел Марио Симоновски постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Милош Николиќ во 70. минута постигна гол за конечни 1:2 и големо славје на Силекс вредно четвртфиналето.

Пенали го одлучија победникот на мечот меѓу Работнички и Брегалница, откако двете екипи ремизираа во регуларниот дел играјќи 1:1. Џељиљ Асани во 13. минута постигна гол за водство на Работнички од 1:0, откако беше прецизен од белата точка. На стартот од вториот дел Еди Мандак погоди во 49. минута за 1:1, а до крајот немаше погодоци.

Во пена серијата за Шкендија Арачиново не реализираше токму Џељиљ Асани, а погодија Демир Имери, Бразилецот Калани Карилхо Дос Сантос Алмеида, Виктор Велекоски и Бесир Демири.

За Брегалница погодија Ристе Темелков, Дарко Алексовски и Виткро Серафимовски, а пак не реализираа Горан Силјановски и Стефан Коцев.

Утре, Вардар игра против Новаци, а осминафиналето ќе се комплетира на 19 ноември со натпреварот меѓу Шкендија и Тиквеш. Претходно, четвртфинале обезбедија второлигашот Детонит Плачковица и Охрид, откако радовишани славеа над Беласица со 0:1, а пак Охриѓани го декласираа Шкупи со 3:0 на домашен терен.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кул Здравје преку пресврт славеше над Перпарими Нигиштан

Победа преку пресврт за Кул Здравје од 3:1 над Перпарими Нигиштан за отварање на 6. коло на Трета лига регион 1. Гостинската екипа...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Ас Јунајтед – Тиверија Брера

Тиверија Брера денес гостува во Струга кај Ас Јунајтед, во меч од 9. коло на Првата женска фудбалска лига, дуел каде струмичанки се...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Кул Здравје преку пресврт славеше над Перпарими Нигиштан

Победа преку пресврт за Кул Здравје од 3:1 над Перпарими Нигиштан за...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Ас Јунајтед – Тиверија Брера

Тиверија Брера денес гостува во Струга кај Ас Јунајтед, во меч од...

Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!