Втора лигаФудбал

Стојанче Дунимаглоски ќе ја води Победа на патот кон директен опстанок во Втора лига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Прилепска Победа минатата сезона преку бараж остана во Втората лига, откако на стадионот во Ѓорче Петров со 2:1 славеше над шампионот во Трета лига – Север, Куманово и со тоа го сочува второлигашкиот статус.

Во турболентна сезона со млади играчи кои буквално изгинаа на терен со цел прилепската фудбалска гордост да не испадне во Трета лига – Југ, и нивната намера беше успешна. Турболенциите продолжуваат и во новата сезона, Победа одново ќе води борба за опстанок, но овој пат поучени од минатата сезона ќе одат со цел на директен и сигурен опстанок, односно да се избегне баражот.

Тренерот Јане Николоски си поднесе оставка и си замина, па Победа привремено го назначи Стојанче Дунимаглоски да ја води Победа, а откако на пријателскиот меч Победа со 1:0 беше подобра од прволигашот Воска Спорт, раководството на Победа одлучи Дунимаглоски да биде трајно тренерско решение.

Официјалното деби на Дунимаглоски во Втората лига ќе биде в сабота во мечот против Вардар Неготино во Струмица од осмото коло. За Победа ова ќе биде предност бидејќи Вардар Неготино не игра на својот тренер во Неготино, бидејќи е суспендиран од ФФМ на два натпревари, а токму овој меч против Победа е вториот од суспензијата со што Вардар ќе се врати во Неготино.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Поврзани написи
КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

Втора лигаФудбал

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, стратегот продолжува во Кувајт

Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено се разделија, младиот стратег кариерата ја продолжува...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!