Останато

Пелагонија со убедлива победа, триумф и за екипите на Крива Паланка и Младост 96

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Изминатиот викенд започна новата сезона во пинг понг Суперлигата и Првата лига на Македонија со натпреварите од првото коло.

Во првото воведно коло од Суперлигата екипата на Крива Паланка запиша висока победа од 4:1 над Вардар, додека пак Пелагонија беше пресилна за Берово со 4:0.

Неизвесен меч имаше на мечот меѓу Астраион и Телеком Нец 2 каде скопскиот тим со 3:4 славеше над струмичани. Младост 96 од Прилеп со 4:2 го доби Радовиш, додека пак Шампион ФА со 4:1 беше подобар од Младост.

Следниот викенд ќе се одиграат натпреварите од второто и третото коло.

Во однос на Првата лига екипата на Студент со 4:3 го доби Кочани, Борец Тим пресилен со 4:0 против Рисови, Дебар Маало загуби од Работнички со 1:4.

Со резултат од 4:1 екипата на АС Ѓорче Петров беше подобра од Куманово, а пак Крива Паланка 2007 со 4:1 беше подобра од Берово 2.

Следниот викенд и во Првата лига ќе се одиграат натпреварите од второто и третото коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Останато

Јана Анастасовска постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за...

Останато

Дарија Крстевска постави нов младински национален рекорд во полумаратон

Македонската атлетичарка Дарија Крстевска, членка на АК Олимп, постави нов национален рекорд...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија....

Останато

Лина Ѓорческа елиминирана во првото коло на ВТА 125 турнирот во Лисабон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!