Трета лигаФудбал

Џамов главен во Делчево, дербито во Валандово го доби Костовски, Јовановски главен во Пирава

Сподели
Сподели

Во недела со почеток од 14 часот ќе се одиграат натпреварите од шестото коло на Трета лига – Исток, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Тиверија од Струмица.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите. Тодор Апостолов од Зрновци ќе им суди на Карбинци и Малеш, а ќе му помагаат Николе Симонов од Свети Николов и Ристе Бојчев од Штип.

Делегат ќе биде Коце Харизанов од Штип, а пак контролор Кирчо Ѓоргиев од Штип.


Во Делчево ќе се соочат Брегалница и Хоризонт Турново, а правдата ќе ја дели Тоше Џамов од Кочани. Асистенти ќе бидат Даниел Ангелов и Игорче Богатинов од Кочани.

Момир Јанчичиќ од Пробиштип ќе биде делегат, а пак Драган Јаневски од Кочани ќе биде контролор.

Во Валандово каде ќе се одигра дербито меѓу Победа и Дојранско Езеро главен судија ќе биде Здравко Костовски од Штип, со неговите помошници Игор Филипов и Цане Давитков од Штип.

Делегат на средбата ќе биде Ѓорѓи Николов од Штип, а пак Алекса Горбашлиев од Богданци ќе биде контролор.

Јордан Јовановски од Гевгелија ќе им суди на Ударник и Рудар во Пирава, а ќе му помагаат Иван Танев и Стефан Митров од Гевгелија. За делегат е делегиран Дејан Костадинов од Гевгелија, а контролор ќе биде Крсто Пандев од Валандово.

Во Зрновци силите ќе ги одмерат Светлост и Овче Поле, а судиска тројка од Радовиш ќе дели правда. Главен судија ќе биде Борче Коцев, а помошници ќе бидат Дејан Спасов и Александар Ѓеоргиевски.

Делегат ќе биде Гоце Димитров од Кочани, а пак Киро Тодоровски, исто така од Кочани ќе биде контролор.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!