Трета лигаФудбал

Котевски ќе им суди на Напредок Ношпал и Могила, Зекмановски на Велешта и Света Троица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со два натпревари денес ќе биде отворено 5. коло во Трета лига – Југозапад, а ќе се затвори во недела со три меча.

Света Троица денес против Демир Хисар ќе бара три бодови, а главен судија на средбата ќе биде Петар Цфетко од Битола, а негови помошници ќе бидат Александар Крстевски од Битола и Бобан Цветаноски од Ивањевци.

Делегат ќе биде Васко Дишкоски од Битола, а пак охриѓанецот Никоал Савиќ ќе биде контролор.

Во Струга ќе ги одмерат силите Караорман и Кравари, а правдата ќе ја делат Анѓеле Спироски од Струга и помошниците Кренар Бекри и Петко Бушевски, исто така од Струга.

Гоце Шопоски од Стурга е делегат, а контролор Љупчо Мојсоски, од Струга.

В недела, Велешта на домашен терен ќе се соочи со Славеј од Мешеишта, а главен судија на средбата ќе биде Енис Зекмановски од Ресен, а ќе му помагаат Даниел Митревски од Ресен и Ѓорѓи Лаброски од Струга.

Делегат ќе биде Блертон Положани од Струга, а Кире Ѓулумовски од Ресен ќе биде контролор.

Фатмир Бафто од Охрид ќе биде главен судија во Дебар каде ќе се соочат Кравари и Влазними во дерби на колото. Помошни судии ќе бидат Љупчо Спироски од Охрид и Михајло Ванкоски од Охрид. Делегат на средбата ќе биде Васфи Доко од Охрид, а пак контролор Миле Спироски, исто така од Охрид.

Дарко Котевски од Битола ќе ја дели правдата на мечот меѓу Напредок од Ношпал и Могила. Битолчаните Горан Танчевски и Љупчо Богдановски ќе бидат помошници.

Делегат ќе биде Марјан Пишмановски од Битола, а пак контролор Борче Домазетовски од Битола.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

Втора лигаФудбал

Пилешков го доби струмичкото дерби, Пројковска ќе им суди на Камјани и Кожуф, Качевски главен во Битола

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига се отвара утре со пет...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!