Ракомет

Охрид на чекор од ново засилување – ќе се приклучи ли Крсманчиќ?

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Охрид е на чекор од засилување на позицијата среден бек, откако Ловро Јотиќ се најде надвор од терените поради повреда. Според наши информации, избраниот нов играч е добро познатото име – српскиот плејмејкер Младен Крсманчиќ.

Крсманчиќ, кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар 1961, веќе е во Охрид и беше забележан на трибините за време на натпреварот со Радовиш. Неговото присуство низ градот ги подгрева шпекулациите дека трансферот е само прашање на време.

Ако договорот биде официјализиран, 33-годишниот ракометар ќе се приклучи на тимот на Борис Ројевиќ како клучно засилување на средниот бек, зголемувајќи ја и српската колонија во редовите на охридскиот клуб.

Крсманчиќ носи богато искуство од кариерата – настапувал за Југовиќ, Слога и Железничар во Србија, а играл и во Унгарија и Шпанија. Во дресот на Вардар настапуваше и во ЕХФ Лигата на Европа, каде беше еден од водечките играчи во бековската линија.

Овој потег на Охрид доаѓа во клучен момент, непосредно пред европскиот дуел со тимот на Баку. Според достапните информации, сите детали околу трансферот се речиси усогласени, а официјалната потврда се очекува во наредните денови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!