Ракомет

Алкалоид е осамен лидер во ракометната Суперлига, неизвесно ќе биде за место во плеј-офот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По седум одиграни кола во ракометната Суперлига на Македонија правиме пресек на табелата.

Осамен лидер со максимални 14 бодови на своето конто е екипата на Алкалоид, која е предводена од ракометната легенда Кирил Лазаров. Тимот од Автокоманда има седум од седум со најдобар напад кој реализирал 251 погодок на овие седум натпревари.

Три екипи имаат по 12 бодови односно Охрид, Еурофарм Пелистер и Вардар. Охридските „гладијатори“ на Стевче Алушовски во претходното коло беа поразени од шампионот Еурофарм Пелистер во Битола и со тоа го претрпеа првиот сезонски пораз.

Еурофарм Пелистер има една пораз од екипата на Вардар, а пак Вардар единствениот пораз го има од Алкалоид.

На петтото место е Бутел со осум бодови, а по триумфот над Тиквеш екипата на Бутел се зацврсти на петтото место и само прави чекор напред кон местата за плеј-оф завршницата.

Пролет исто така во претходното коло запиша важен триумф и со тоа е на шесттото место со шест бодови пред Тиквеш кој по проазот од Бутел останува на делба на седмото место со по пет бодови, колку што има и Прилеп кој е шести.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА 7. КОЛО СУПЕРЛИГА:

Практично тука и ќе се води таа борба за плеј-офот. Бутел засега само се зацврстува на петтото место, а пак шестото место „виси“ и тука Пролет го чека тежок предизвик со цел истото да го сочува.

Тиквеш и Прилеп повеќе од јасно е дека ќе сакаат место во плеј-офот, но засега им оди тешко. Куманово е на деветтото место со четири бодови, колку што има и Струга која е на 10. место. Дебитантот Бисинов е на 11-тото место со два бодови, а на дното без бодови и понатаму е Радовиш.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Токму следната рунда го носи и дуелот меѓу повратникот Радовиш и дебитантот Бисинов, практично дерби на двете екипи кои минатата сезона настапуваа во Првата ракометна лига, дерби каде радовишани сакаат прва победа и први бодови, а пак Бисинов со неколку играчи кои во минатото беа дел токму во Радовиш во СРЦ „25 Мај“ ќе атакуваат на втор сезонски триумф и освојување на двата бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!