Втора лигаФудбал

Дерби за прво сезонско славје во Втората лига: Вардарски против Беласица!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По седум кола во Втората фудбалска лига само две екипи не се израдувале на победа, Вардарски и Беласица се единствените кои немаат триумф.

После долги 27 години Вардарски се врати во Втората лига, разликата во квалитетот меѓу Трета и Втора лига е голем, па тешко му оди на Вардарски да се адаптира на второлигашкиот фудбал, но реално Вардарски имаше доста тежок распоред и играше против фаворити каде реално тешко е да се освојуваат бодови, па така сега пред Вардарски доаѓаат натпревари условно кажано со противници каде второлигашот од Богданци ќе може да се носи за трите бодови.

  • РЕЗУЛТАТИ НА ВАРДАРСКИ ОД ПРВО ДО СЕДМО КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА:

1 коло: Скопје 2:2 Вардарски
2 коло: Вардарски 1:3 Кожуф
3 коло: Детонит Плачковица 1:1 Вардарски
4 коло: Борец 3:1 Вардарски
5 коло: Вардарски 1:2 Брегалница
6 коло: Варадрски 0:2 Македонија ЃП
7 коло: Арсими 3:0 Вардарски

Во првите седум кола Вардарски имаше повеќе од тешки натпревари, па така од можни 21 бод екипата на Вардарски собра само скромни два бодови, реми со Скопје во Автокоманда и со Детонит Плачковица во Радовиш.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Тренинг пред натпревар на Вардарски против Кожуф

Од друга страна Беласица и понатаму нема триумф во Втората лига, струмичкиот второлигаш дава шанса на млади играчи, работи со млади играчи од сопствените погони на кои им треба време за созревање, а тоа значи губење на натпревари, на бодови…

Струмичани запишаа пораз на стартот од новата сезона, а потоа влегоа во една серија со која можеби ќе постават и рекорд како тргнало, откако нанижаа шест ремија во низа.

  • РЕЗУЛТАТИ НА БЕЛАСИЦА ОД ПРВО ДО СЕДМО КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА:

1 коло: Арсими 4:2 Беласица
2 коло: Вардар Неготино 2:2 Беласица
3 коло: Беласица 1:1 Охрид
4 коло: Беласица 1:1 Победа
5 коло: Башкими 1:1 Беласица
6 коло: Новаци 0:0 Беласица
7 коло: Беласица 2:2 Каменица Саса

Реално Беласица имаше далеку полесен распроед на почетокот од сезоната, пред Беласица доправа доаѓаат потешките натпревари како со Брегалница и Македонија ЃП, па тука е и Детонит Плачковица и Кожуф.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Беласица – Охрид, 3. коло Втора лига

Натпреварот меѓу Вардарски и Беласица се игра в сабота од 14 часот на Градскиот стадион во Богданци, во регионалното дерби на богданчани и струмичани за прво сезонско славје и освојување на првиот „плен“ вреден три бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!