Овој викенд се играат натпреварите од петтото коло на Втората женска фудбалска лига, а рундата се отвара утре со натпреварот меѓу Слободен и Конзули.
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата, а на воведниот меч правдата ќе ја дели Јована Максимовска од Скопје, а помошници ќе бидат Теодора Крстевска од Скопје и Ангела Милановска од Куманово.
Контролор на средбата меѓу Слободен и Конзули ќе биде Музафер Исмаили од Боговиње.
В недела Порече на домашен терен ќе се соочи со Борец, а за правдата ќе биде задолжен Дарко Макалоски од Прилеп, а ќе му помагаат Давид Темелкоски и Христијан Трајкоски од Прилеп. Контролор на средбата ќе биде Илчо Јорданоски од Прилеп.
Во Радовиш ќе се соочат Плачковица и Билјанини Извори од Охрид, а главен судија на средбата ќе биде Виолета Јанчева од Гевгелија, е помошници ќе бидат Блаже Петковски од Миравци и Петар Манчев од Валандово.
Контролор на средбата ќе биде Влатко Зафиров од Валандово.