Останато

Четири медали за Македонија на Балканското првенство во борење за пионери во Романија!

Сподели
ФОТО: Боречка федерација на Македонија
Сподели

Македонската боречка репрезентација постигна одличен успех на Балканското првенство за пионери што се одржа во Клуж, Романија, освојувајќи вкупно четири медали.

Најуспешен беше Лука Ананиев во категоријата до 44 килограми, кој стигна до сребрениот медал по одличните настапи во текот на турнирот.
Кристијан Атанасов во категоријата до 48 килограми, Мираџ Мустафа до 52 килограми и Даријан Павлев до 68 килограми се закитија со бронзени медали, покажувајќи голем потенцијал и борбен дух.

Македонските пионери ја претставија земјата во најдобро светло, а нивниот успех е потврда за континуираната работа и развој во младинските категории на борењето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!