Прва лигаФудбал

Тиквеш против Шкендија како домаќин ќе игра во Штип

Сподели
Сподели

В недела екипата на Тиквеш во рамки на 10. коло од Првата фудбалска лига како домаќин против Шкеднија ќе игра на Градскиот стадион во Штип. Ова доаѓа по суспензијата од ФФМ со која беше „замрзнат“ Градскиот стадион во Кавадарци на два натпревари, дознава Спортска Мрежа.

Еден натпревар Тиквеш веќе одигра на Градскиот стадион во Кичево, а сега вториот меч ќе го одигра во Штип со што кавадаречкиот прволигаш ќе се врати домашните натпревари да ги игра во Кавадарци.

Со ова штипјани ќе имаат нова можност да проследат во својот град прволигашки фудбал, откако претходно и Гостивар со Шкупи играше во Штип.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Шкендија се игра в недела од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар ја освои Битола и е на чекор од шампионската титула

Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на гостувањето во Битола го совлада Еурофарм Пелистер со 27:22 во рамки...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје на чекор од шампионска титула, Топ Гол се одлепи од дното во трката за опстанок!

Љуботен ја губи борбата за одбрана на титулата, Скопје е на чекор да ја освои истата, откако по 18 кола е на врвот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!