Трета лигаФудбал

Орхан Мифтар и понатаму најдобар стрелец во Трета лига – Север, Фетаи има пет, а пак Десниќ има четири гола!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По пет одиграни кола во Третата фудбалска лига – Север нема промени на врвот од листата на најдобри стрелци. Фудбалерот на Фортуна, Орхан Мифтар и понатаму е најдобар со девет постигнати погодоци.

На второто место со пет погодоци е Ферван Фетаи кој настапува за екипата на Беса Влазрими, а пак Дарио Десниќ од Шкендија Арачиново има постигнато четири погодоци.

ПО три гола имаа Кристијан Ивановски од Кадино, Мартин Лазев од Ржаничино, АНгел Настевски од Еуромилк, Лавдрим Сулимаин од Беса Влазрими, Леутрим Таири од Риниа, Дарко Тодоровски од Куманово и Марко Тренески од Њу Старс.

Вкупно 19 фудбалери се запишале во листата на најдобри стрелци со постигнати два гола.

Во однос на постигнатите автоголови, оваа неславна листа ја предводи Ергин Шерифи, фудбалерот на Куманово со два постигнати автогола, а по еден автогол имаат постигнато Адем Аџами од БВК Коњаре, Марко Киш од Њу Старс и Антонио Македон Поповски од екипата на Аеродром.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!