Прва лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Милан Стојановски е нов тренер на ФК Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер официјално го назначи Милан Стојановски за нов шеф на стручниот штаб, откако клубот се раздели со досегашниот стратег Димитар Капинковски. Оваа промена доаѓа во момент кога „зелените“ се обидуваат да ја подобрат формата и резултатите во текот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

  52 годишниот Стојановски е поранешен македонски репрезентативец со богата играчка кариера зад себе, за А репрезентацијата на Македонија настапил 26 пати и постигнал еден погодок. Како фудбалер важеше за еден од најсигурните дефанзивци на своето време, познат по својата мирнотија и лидерски квалитети на теренот.

Интересен факт е што Милан Стојановски е роден и израснат во Србија, но има македонски корени – неговиот татко потекнува од охридската Речица, што дополнително го поврзува со земјата чиј дрес со гордост го носеше во текот на својата кариера.

Како тренер, Стојановски својата кариера ја градел главно во Србија, каде што предводеше неколку клубови, меѓу кои и ИМТ Белград и Телеоптик, клуб познат по тоа што произведува таленти и има блиска врска со белградски Партизан. Ова ќе биде негово прво ангажирање во Македонија, па македонската јавност со голем интерес ќе следи како ќе се снајде на битолската клупа.

Од клубот истакнуваат дека очекуваат новата енергија и искуството на Стојановски да донесат позитивни промени во тимот, а играчите веќе го започнаа процесот на прилагодување на новиот систем на работа.

ФК Пелистер со оваа промена ја отвора новата страница во сезоната, со цел да ги стабилизира резултатите и да се врати на победите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!