ИнтернационалциФудбал

Јован Качевски ќе им суди на Чешка и Азербејџан (У21), Крумислав Ѓоргиев четврт судија!

Сподели
Сподели

Македонски судиски тим ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Чешка и Азербејџан од квалификациите за Европското првенство до 21 година, кое ќе се одржи во 2027 година.

Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, негови помошници се Даниел Василевски и Александар Ѓорѓиески, додека Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе ја извршува улогата на четврт судија. Натпреварот се игра во петок.

Ова претставува уште една потврда дека македонските судии уживаат голема доверба и репутација во рамките на УЕФА, која континуирано им доделува натпревари на европско ниво.

Натпреварот е особено важен за репрезентацијата на Чешка, која моментално се наоѓа на второто место во групата со ист број на бодови како и Португалија – двете селекции имаат по шест бодови од два одиграни меча. Азербејџан има еден бод, освоен во ремито со Бугарија, додека во вториот меч беше поразен од Португалија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во полуфиналето го победи Божо Барун од Хрватска со 2-1 во сетови (64 36...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските младинци со силна завршница до победа над Бугарија во Стара Загора

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години продолжува со позитивни резултати во подготвителниот период. Нашите младинци ја забележаа и првата гостинска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!