Трета лигаФудбал

Дејан Младеновски ќе им суди на Кадино и Еуромилк, Ненад Тодоровски на Башкими Љуботен и Еуромилк

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Со натпреварот меѓу Аеродром и Ржаничино денес ќе биде отворено 5. коло во Трета лига – Запад, а кое се затвара утре.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата, а на денешниот воведен меч главен судија ќе биде Методија Ставров од Скопје, со помошниците Бранко Путилин и Енес Оскача од Скопје.

Валтон Маличи од село Матејче ќе им суди на Студеничани и Беса од Сарај, а ќе му помагаат Фуркан Фетаху и Иљаз Рамадани од Куманово.

Стојанче Колев од Скопје ќе биде задолжен да ја дели правдата на мечот меѓу Фортуна и Пчиња, а негови асистенти ќе бидат Филип Тодоровски и Александар Атанасовски од Скопје.

Кадино на домашен терен ќе се соочи со Куманово, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Бојан Божиновски од Скопје и Христијан Стојанчевски од Скопје.

Борче Павловиќ од Скопје ќе биде главен арбитар на мечот меѓу новиот третолигаш Отља и Беса од Слупчане. Негови помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Александар Николоски од Скопје.

Ненад Тодоровски од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Башкими Љуботен и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, а ќе му помагаат Теодора Крстевска и Анастасија Брајковска од Скопје.

Лопати во Доброшане ќе го пречека БВК Коњаре, а овде главен арбитар ќе биде Бобан Јовановски од Скопје со помошниците Иван Ивановиќ и Александар Ѓорѓиевски од Скопје.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со што официјално стартува сезоната 2026/2027. Во новата сезона ќе се натпреваруваат...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Беласица го промовираше Филип Михаилов

Второлигашот Беласица го претстави Филип Михаилов како најново засилување за сезона 2026/2027....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!