Трета лигаФудбал

Се испиша историја во мак-фудбалот: Јанчева, Илиевска и Спасова ја делеа правдата на меч од Трета лига, Кочева беше делегат!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот фудбал испиша историја, за првпат на натпревар во сениорски фудбал во машка конкуренција правдата ја делеа три судијки.

На натпреварот во Виница, каде се соочија фаворитот Слога Виница и новиот третолигаш Светлост од Зрновци, во рамки на 5. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток, главен судија беше 28-годишната Виолета Јанчева од Гевгелија, нејзин прв помошник беше 42-годишната Снежана Илиевска од Македонска Каменица, која воедно беше и најискусна судијка на самата средба со голем број на отсудени натпревари и меѓународно искуство, а втор помошен судија на Јанчева беше 29-годишната Александра Спасова од Свети Николе.

Делегат на средбата која се одигра на Градскиот стадион во Виница, а на која беа постигнати шест погодоци за триумф на домаќинот од 6:0, беше Гордана Кочева од Валандово.

На фудбалската јавност во Македонија 43-годишната Кочева е позната и како поранешна репрезентативка и фудбалерка, особено по настапите во Тиверија Брера.

Одличен натпревар со многу погодоци, но и тотална доминација на Слога Виница, која на овој меч имаше 14 удари во голот на противникот, од кои шест ги реализираше, а четири надвор од голот, додека пак госитнот упати само четири удари во рамки на голот на противникот без реализација, а три надвор од голот.

Амар Исљами во 10. минута од натпреварот постигна гол и го отвори резултатот за водство на фаворитот кој е предводен од штипскиот стратег Емил Грнев од 1:0. Потоа Булент Сали ја стресе мрежата на Јовица Ефтимов, но вториот помошен судија Александра Спасова сигнализираше офсајд со што голот на Слога Виница беше понишен.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во 33. минута од средбата Јанчева покажа на белата точка, а Кристијан Ристовски успешно реализираше за 2:0. Само една минута подоцна се случи комична ситуација, откако Давид Ристовски биеше по земја, гостинскиот толман Ефтимов мислејќи дека топката ќе помине само покрај неговиот гол, на што беше сигурен па и крена со раце дека нема корнер, кога се сврте топката веќе беше во неговиот гол за 3:0.

Во финишот на првиот дел домаќинот преку втор гол на Ристовски дојде до убедливи и превисоки 4:0 на полувреме.

Во вториот дел од мечот по само шест минути игра Јанчева одново покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Октај Амедов за високи 5:0. Во 73. минута од средбата Амедов со втор гол ги постави конечните 6:0.

Јанчева покажа еден жолт картон, откако во 24. минута пожолте Филип Андонов од екипата на Светлост од Зрновци поради недозволен старт.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Спасова дури четири пати го креваше знаменцето за офсајд, а пак Илиевска само еднаш, во фер и коректен натпревар каде сосема очекувана беше победата за Слога Виница, која е главен фаворит за освојување на првото место кое води кон баражот за можен пласман во Втората лига.

Што се однесува до тој баражите за Втора лига, петте шампиони во Трета лига (Запад, Исток, Југ, Југозапад и Север), како и екипата која ќе биде 14-та во Втора лига играат бараж меч за пополнување на Втората лига.

Спортска Мрежа како медиум и Александар Ванев како спортски новинар постојано се борат да се укинат тие бараж натпревари и да се овозможи директен влез во Втората лига.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА АНАЛИЗАТА НА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА БАРАЖИТЕ ЗА ВЛЕЗ ОД ТРЕТА ВО ВТОРА ЛИГА:

Трета лига – Исток уште еднаш потврдува дека е најорганизиран регион, каде шанса добиваат и младите судии и судијки на патот кон градењето на нивните кариери.

Наша најдобра судијка е Ивана Пројковска која секога ја претставува нашата федерација на највисоките нивоа на меѓународниот фудбал, а која последно беше дел од арбитрите на Светското првенство за жени до 20 години кое се играше во Колумбија.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига, а вниманието го привлекуваат дуелите меѓу Спартмани и Дрвош, како и...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата на Шкупи ги игра своите последни натпревари во Првата лига, со...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спартмани по прв пролетен триумф против Дрвош, дерби тест за Огражден во Злеово

В недела се играат натпреварите од 10. коло во Општинската фудбалска лига,...

Прва лигаФудбал

Анес Бајрами: Да уживаме во фудбалот до крајот на сезоната

Остануваат уште четири кола до крајот на домашниот фудбалски шампионат, а екипата...

Прва лигаФудбал

Имран Фетаи: До последно коло ќе се бориме за шампионската титула

Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор...

Прва лигаФудбал

Дарко Ангелески: Фокусот е на Купот, но бодови сакаме и во првенството

Третото место веќе е недостижно за Силекс, па кратовскиот тим речиси сигурно...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!