ФудбалФутсал

Бутел до голем бод против Проект, реми и во Велес, победа за Шкупи!

Сподели
Сподели

Втората рунда се комплетираше со три натпревари, а на кои имаше две ремија и една победа.

Реми од осум гола во Велес за 4:4 меѓу Кеги Моби и гостинот Клими од Кавадарци.

За домашниот тим Стојковски беше двоен стрелец, еден гол постигна Божинов, а пак Спасовски постигна автогол, додека за екипата од Кавадарци двоен стрелец беше Аризанов, е по еден гол постигнаа Левков и Крстески.

BБутел направи изненадување и можете да запише и триумф против фаворитот Проект во Гевгелија, откако двете екипи одиграа 2:2.

Во првиот дел немаше погодоци, а во второто полувреме Манџуковски постигна гол за 0:1, а веднаш преку Јанев домаќинот израмни на 1:1. Во 36. минута Манџунковски со втор гол обезбеди нова предност од 1:2 за Бутел, а пак Трајков во финишот на мечот односно во 40. минута постигна гол за конечни 2:2 и поделба на бодовите.

Шкупи со 3:1 славеше над Црна Река од Кавадарци во меч каде Јунузи, Сефери и Алили погодија за 3:0 на полувреме, а во вториот дел Димов во 24. минута ги постави конечните 3:1.

Колото беше отворено со големата победа на Форца над Осогово во Крива Паланка, извештајот на Спортска Мрежа за тој меч е достапен овде, а победа запиша и Железарец над Јувентус Серава, извештајот од овој меч на Спортска Мрежа е достапен овде.

  • ТАБЕЛАТА ВО ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА 2. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста на дуелот со Висла Плоцк ќе се грижат судии од Литванија....

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Алкалоид ги очекува обврска и на домашната сцена....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Тренерска промена поради лоши резултати: Влатко Новаков го презеде третолигашот Карбинци

По пет одиграни кола третолигашот Карбинци има пет порази на толку натпревари...

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!