Втора женска фудбалска лигаФудбал

Кочани и Билјанини Извори со превисоки победи, Плачковица го декласираше Борец, преубедлив и Вардар!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Петтата рунда од Втората женска фудбалска лига донесе 34 погодоци за убедливи победи на домаќините.

Фаворитот Кочани со 11:1 го декласираше дебитантот Слободен, повеќе од јасна беше победата за домашниот тим кој е со искусни фудбалерки. Искусната Афродита Салихи постигна четири погодоци, Ана Горгиева хет-трик, Јована Велкова два гола, а по еден гол Нина Манасиевска и репрезентативката Катерина Милеска. За гостинот единствен стрелец беше Симона Стојаноска.

Фаворитот Вардар со 5:0 го декласираше Порече од Македонски Брод, во меч каде Миа Закев имаше два гола, а по еден гол постигнаа Мила Наумовска, Елена Костадиноска и Џенита Кицара.

Плачковица го декласираше Борец од Велес со лото победа од 7:0 во ме каде Викторија Стојаноска имаше два гола, а по едел гол постигнаа Јасмина Манева, Марија Бојкова, Кристина Василева, Ивона Бангиева и Розета Ташкова.

Билјанини Извори на домашен терен беше пресилен за тимот на Победа Валандово со 10:0, а на истиот меч Ивана Николоска имаше четири гола, Марија Давчевска со хет-трик, Стефанија Ристова два гола, а едел гол беше дело на Марија Јулчовска.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Ударник реагира: На секое место во светот, оваа асистенција ќе беше кандидат за асистенција на годината, а не офсајд!

Третолигашот Ударник од Пирава го загуби натпреварот од Огражден во Ново Село со минимални 1:0, но по мечот веднаш излезе со соопштение во...

Останато

Струмица на улица – Sunday run на 1 ноември: Над 250 тркачи веќе се пријавени!

Струмица повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. Петтото издание на градската трка „Струмица на улица – Sunday run“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб,...

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!