Прва лигаФудбал

ФОТО: Берат Имери го одработи првиот тренинг како тренер на Беса!

Сподели
Сподели

Берат Имери и официјално беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб на прволигашот Беса од Добри Дол, за што најави Спортска Мрежа, а потоа клубот потврди.

Новиот тренер по именувањето рече дека верува дека работите ќе одат на добро и ќе се обидат да ги постигнат најдобрите можни резултати.

„Разговорот со претседателот на клубот беше многу краток, желбата беше обострана да бидам тренер на Беса. Верувам дека работите ќе одат добро и ќе се обидеме што помалку да зборуаме,а да работиме што е можно повеќе за да ги постигнеме најдобрите можни резултати“, рече Имери по назначувањето за нов трнер на Беса.

45-годишниот стратег веќе го имаше и првиот тренинг со Беса, а неговото деби ќе биде против Вардар на домашен терен, а во рамки на 10. коло од Првата лига.

ФОТО: KF BESA Dobërdoll 1976

Имери претходно со Воска Спорт испиша историја, откако охридскиот клуб го внесе од Втора во Првата македонска фудбалска лига, со што Воска Спорт игра во фудбалската елита на Македонија веќе втора сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!