Втора лигаФудбал

Второлигашот Осогово со поддршка од навивачите и поддржувачите ја уреди новата соблекувална за младинските категории

Сподели
Сподели

Второлигашот Осогово од Кочани ја уредни и опреми новата соблекувална, која ќе биде наменета за младинските категории. Клубот им се заблагодари на сите верни навивачи и поддржувачи кои купувале од нивниот пункт за освежителни пијалоци и грицки.

„Би сакале да им изразиме огромна благодарност на сите наши верни навивачи и поддржувачи кои купуваа од пунктот за освежителни пијалоци и грицки. Со вашата несебична поддршка и придонес успеавме да ја уредиме и опремиме новата соблекувална, која ќе биде наменета за нашите младински категории. Вашето учество е од клучно значење за иднината на клубот и младите таленти кои се стремат кон успех. Ви благодариме што сте дел од ова семејство и што заедно градиме подобри услови за нашите идни шампиони“, се вели во соопштението на Осогово.

Осогово кога е во прашање вакви активности е доста организиран. За време на натпреварите од Втората македонска фудбалска лига сите навивачи, симпатизери, но и оние кои сакаат да го поддржат клубот може да си купат навивачки реквизит како маички, шалови, украси и слично, а притоа со тоа клубот остварува приходи кои му се од големо значење како за сениорскиот тим така и за младинските категории.

Во рамки на Втората лига по завршувањето на репрезентативната пауза Осогово на домашен терен ќе игра против Арсими, во рамки на 8. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!